
Третата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе брои шест региони, односно еден повеќе во однос на претходните сезони, а дополнително фокус ќе биде ставен на младите фудбалери со цел да имаат повеќе минутажа.
Шампионите во Трета лига од шесте региони меѓусебно ќе се соочат, а трите победниците од овие бараж натпревари ќе обезбедат учество во Втора лига.
„Остануваат третите лиги оваа сезона, само на регионите поради финансиска издржливост им оставаме некое територијален простор да може да си направат две трети лиги во регионот. Нас ние е важно на крај на сезоната да тие дадат победник на регионот. Шест региони ќе има. Започната е процедурата со формирање на тоа и мислам дека тоа многу ќе го олесни животот на клубовите во финансиски смисол. Втората лига ја скративме и сега мислам ќе донесеме одлука да има повеќе млади фубдалери, да тоа што е квалитет ако не може да игра во Прва лига, а има некои потенцијал да мора да игра во Втора лига, на пример тројца до 21 година и еден да е под 19 години“, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Баражите за опстанок во Втора лига ќе бидат минато, а последните три екипи од Втора лига ќе испаѓаат директно во Трета лига.
Александар Ванев, М-Нет