
Мошне интересно и возбудливо се очекува да бидат натпреварите од 8 коло во ТМФЛ – Исток. Лидерот Малеш од Берово ќе гостува во Градско Балдовци на петопласираниот на табелата Спартмани и го очекува неизвесна борба. Малеш е секако фаворит, но топката е тркалеста и можни се секакви изненадувања. Неизвесно и интересно ќе биде и во Чешиново каде што ќе гостува екипата на Брегалница од Делчево во борба за второто место на табелата.Еве ги комплетните парови за ова 8 коло:
- Василево – Хоризонт
- Тиверија – Детонит
- Работник – Овче Поле
- Чешиново – Брегалница
- Раклиш – Карбинци
- Спартмани – Малеш
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 29 ноември 2020 г. со почеток во 13.00 ч. без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk