Трета адултицидна и четврта ларвицидна дезинсекција ќе се спроведе утре во Штип

Утре во раните утрински часови на територија на Општина Штип ќе се спроведе третата адултицидна дезинсекција и четвртата ларвицидна. Во период од 01 до 04 часот адултицидната и од 05 до 07 часот ларвицидната. Зелените површини, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојните води и подрачја околу каналниот систем и локалните населби и локалитети ќе бидат опфатени со извршување на дезинсекцијата од овластена фирма.

„ На ден 09.07.2024 година (вторник) во раните утрински часови Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе трета адултицидна дезинсекција и четврта ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 01 до 04 часот адултицидната и од 05 до 07 часот ларвицидната дезинсекција.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по

течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип.

Во случај на неповолни временски услови ( дожд, ветар и др. ) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Воедно се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.“ – велат од општината

Инаку во изминатиот период на територија на Општината се извршија две адултицидни дезинсекции и три ларвицидни дезинсекции. На територија на општина Штип предвидени се седум третирања против комарци и едно авионско прскање. Инаку во изминатиот период авионско прскање се спроведе и во Општина Карбинци, Кочани, Делчево и Пробиштип.

Лаура Стојанова, М-Нет