
Прволигашот Шкупи преку соопштение информираше дека е тргната забраната за трансфери и регистрација, која клубпот ја имаше добиено од страна на ФИФА поради долгови.
Шкупи преку соопштение информираше дека сите долгови на клубот се исплатени.
„Сакаме да ја информираме јавноста сите долгови на клубот се исплатени, но, забраната не беше тргната веднаш поради неколку технички прроблеми и бирократски процедури, но сега истите во целост се решени. Овој процес, иако беше надвор од наша контрола, беше предизвик кој ни побара сериозност и посветеност, за да ги заштитиме интересите на клубот. Посветеноста на новото раководство беше максимална за оваа ситуација, затоа што се следеше секоја правна прроцедура, со цел решавање на овој проблем. Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на навивачите за трпението, разбирањето и поддршката. Вашата лојалност и љубов за клубот се нашата најголема сила. Гледаме напред на новите предизвици, со желба да ги оствариме нашите цели“, се вели во соопштението.
Со Шкупи на ова листа беа и прволигашот Воска Спорт и Брегланица. Охридскиот прволигаш Воска Спорт веднаш го плати долгот и веднаш беше тргната забраната за трансфери, клубот преку соопштение информираше како и Шкупи за целиот тој процес, за разлика од Брегалница која го реши овој проблем, но остана затворена без било каква информаци, соопштение или изјава во врска со забраната за регистрација на играчи која ја доби од ФИФА.
Но, тоа што е добро за македонскиот фудбал е што овие три екипи ги решија проблеми и сега нема ниту една фудбалска екипа од Македонија не е на листата за забрана за трансфери од страна на ФИФА.
Александар Ванев, М-Нет