Трансфер „бомба“: Симеон Христов од Вардар го засили Гостивар!

Есенскиот шампион во Втора лига, Гостивар, добива големо засилување во нападот, и тоа од главниот конкурент за пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Симеон Христов е ново засилување за второлигашот Гостивар. 30-годишниот напаѓач, кој настапуваше за Вардар во есенската полусезона, во пролетниот дел ќе го носи дресот на Гостивар.

Христов пред Вардар настапуваше и за Работнички, Тиквеш, Влазнија во Албанија, велешки Борец, Македонија Ѓорче Петорв, Мјанмар, Еуромилк ГЛ, Тетекс, Пелистер, Брегалница, како и унгарските екипи Егри и Вашаш.

Гостивар презимува на врвот од табелата со 37 бодови, еден помалку има второпласираниот Вардар, а пак Воска Спорт е трета со 34 бодови.