
За месец дена напорна работа, вложување и труд Територијалната против пожарна еднициа Штип полека добива нов изглед. Имено, по најавите на поранешниот пожарникар Александар Георгиоевски дека ќе ја реновира оваа институција, тој максимално се вложи за ветеното да биде реалност. Од нови врати и прозорци, до реновирани тоалети и внатрешно уредување полека пожарната добива се што треба да поседува. Работа има уште многу, но има и желба за вистинска преобразба на пожарната во Штип. Поддршка и помош има и од Локаната самоуправа.
„Пред некое време најавив дека ќе се ангажирам, на местото каде што девет години сум работел, да овозможам да работат во подостоинствени услови. Преку мои пријатели, бизнисмени и лични пријатели, кои помагаат во мојата хуманитарна организација, досега се обезбедени многу донации. Почнавме со промена на прозорци, врати, се лепат плочки во вецињата, се спрема теретана, со еден збор целата територијална единица ја враќаме во нормала. Сакам да се заблагодарам јавно на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој излезе во пресрет за се што е потребно. Тешко е во овие денови да се најдат мајстори, некогаш можат да се најдат некогаш не. Се обратив до Општина Штип, обезбеден е мајстор за вецињата, имаме коректна соработка, и се надевам дека за месец дена ова ќе биде уште една успешна бајка.“ изјави Александар Георгиевски.
Дозвола за работа има, желба исто така па мотото Подај рака спаси живот се практикува и овде. Задоволството на вработените исто се забележува бидејќи и тие самите помагаат во реновирање на нивнот работно место.
„Дозвола имаме написмено залепено на огласна табла, во координација сме со Општина Штип. Ова го правиме во интерест на граѓаните и во интерест на градот. Морам да потенцирам дека до денес, се што е обезбедено, од општински пари не е потрошено ниту еден денар. Се што правиме, правиме во интерест на градот, и така ќе продолжиме. Ако сум ветил дека ова место ќе го вратам во првобитна состојба, како што треба да биде, достоинствено како што треба да бидат третирани пожарникарите во дваесет и први век, тоа и ќе го остварам.“додаде Георгиевски.
Инаку, пожарникарите кои секојдневно пола ден го поминуваат на ова работно место во неформален разговор за М-Нет кажаа дека оваа зграда е направена во 1966 – 67 година. Од тогаш само е променета фасадата еднаш и по тоа нема променето ништо. Овој потег на Горгиевски според нив е за поздравување, бидејќи значи многу.
Лаура Стојанова МНет