Тошковски: Две нови ленти за излез и една за влез за товарни возила ќе има на граничниот премин Богородица

Две нови ленти за излез и една за влез за товарни возила ќе бидат отворени на граничниот премин Богородица, најави денес министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Со овие мерки, се очекува значително да се подобрат условите за транзит, како за патнички, така и за товарен сообраќај. Оваа новина доаѓа како дел од поширокиот план за модернизација на граничните премини и подобрување на инфраструктурата, што ќе овозможи побрзо и поефикасно движење на возилата.

,,Можеме да ставиме во функција најмалку уште две ленти за излез со реорганизација и можеме да ставиме во функција најмалку уште една лента за влез во делот на товарниот сообраќај, со што цениме дека првично ќе се подобрат условите конпарирано со претходните години за транзитирање на нашите граѓани, како на патнички, така и на товарен сообраќај. А за во иднина како сме фокусирани на создавање на уште еден дополнителен дел, нешто слично на граничниот премин кој што го имаат грците, посебен за товарен сообраќај. Размислуваме во насока да товарниот сообраќај го тргниме во целост од моменталниот начин на функционирање на граничниот премин Богородица. Така што цениме дека со таков начин на имплементација и те како ќе го олесниме транзитирањето, не само на патничкиот, туку и на товарниот сообраќај.“, истакна Тошковски

Идејата на сите новитете, министерот Тошковски истака дека се за подобрувањата на условите во државата. Рече дека се работи и на други решенија, а се размислува и на нов граничен премин за товарни возила на граничниот премин Богородица.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека со новите ленти за излез и влез на граничниот премин Богородица, условите за транзит на патнички и товарен сообраќај ќе се подобрат значително. Планирано е и создавање на посебен премин за товарен сообраќај, што ќе помогне во намалување на метежите и забрзување на протокот на возилата.

Иван Митев, М-Нет