Тошковски: Граѓани ја гледаат огромната разлика од претходно и сега, поднесени две кривични, во притвор 34 лица, направени над 10 истраги

Граѓани ја гледаат огромната разлика од претходно и сега вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Дециден е тој дека истрагата во Кочани ќе ја заврши до крај. Досега поднесени две кривични пријави, моментално во притвор34 лица, а истовремено се направени повеќе од 10 претреси. Тој рече дека се работи континуирано и посветено и целосно ќе се расчистува случајот.

“Разликата македонските граѓани ја гледаат дека е огромна, меѓу она претходно што се работеше и што се тераше селективно со споредба со ова сега што е. Оставете да ја завршиме истрагата. Претходно завршија сите истраги поврзани со модуларни боници, поврзани со ласкарци, над 70 животи имаше, а ниту една кривична пријава не е поднесена, ниту една. Две кривични пријави се поднесени 34 лица се во притвор, повеќе од 10 претреси се направени, истрагата е во тек, се работи континуирано, посветено, оставете да ја извршиме истрагата.“, вели Тошковски

Неработењето, непрофесионалноста, неодговорноста, корумпираноста, распаднатоста од оние кои што претходно постапувале не донесоа до ова дереџе рече Тошкоски, додавајки дека јавноста во следниот период ќе се увери дека секој еден за кој што ќе има докази ќе биде предмет на одговорност.

“Селективноста, неработењето, непрофесионалноста, неодговорноста, корумпираноста, распаднатоста на сите оние, кои што претходно постапувале или не постапувале не донесоа на ова дереџе. Јавноста ќе се увери како што мине времето дека секој еден за кој што ќе има докази, а не заради тоа што некој бара да биде линчуван ќе биде предмет на одговорност. Нешто незамисливо, ако го споредите со она од преходно.“, додава Тошковски

Она што дополнително посочува Тошковски е дека во државата законот ќе важи еднакво за сите, а во следниот период освен што ќе се работи на истраги, ќе се работи и на сообраќајна култура на ниво на целата држава.

Иван Митев, М-Нет