
По 16 одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Исток продолжува трката меѓу Овче Поле и Победа Валандово за тоа кој да биде шампион и да игра во баражот за влез во Втора лига.
Но, кога е во прашање листата на најдобри стрелци тука веќе една работа станува јасна. Фудбалерот на Овче Поле, Тоше Манов е убедливо најдобар стрелец со постигнати 18 погодоци, Манов има дури осум повеќе од искусниот Дејан Блажевски, кој за Хоризонт Турново постигна десет погодоци.
Трет најдобар стрелец е фудбалерот на Карбинци, Марио Атанасовски кој има постигнато девет погодоци, а по осум имаат Христијан Крстов кој е најдобар стрелец на Брегалница Делчево и Ристо Миленковиќ кој е најдобар стрелец на Победа Валандово.
По седум погодоци имаат Јован Дојчинов кој настапува во дресот на делчевска Брегалница и Димче Јовов од екипата на Турново, а по шест погодоци имаат Ристе Каралијски од Тиверија, Никола Костадинов од Победа Валандово, Славче Митовски од откажаниот Светлост Зрновци и Адријан Спасиќ од Ударник.
Александар Ванев, М-Нет