Топол оброк добија 24 загрозени ромски семејства во Штип

Под мотото „Право да живеам во урбана средина“ Националното ромско друштво работи со цел едно семејство кое живее во нелегализиран објект да ги знае процедурите за истиот да се легализира со што ќе живее побезбедно од една страна, а општината ќе може да наплаќа комунални давачки од друга страна. Овој ромски центар работи на национално ниво, а бројката на легализирани куќи и станови во Општина Штип е задоволителна.

Во склоп на овој проект денеска се одржа една од нивните завршни активности со што се делеше топол оброк за загрозените ромски семејства, вода и заштитни маски. Беа опфатени 24 семејства вклучувајќи ги и семејствата зафатени од пожарот кој избувна во центарот на град Штип, односно 100 лица добија топол оброк денеска.

Живеење во урбана средина значи исполнување и на низа други работи односно покрај легализиран стан или куќа треба да сте здрави без проблеми и Националниот ромски центар со седиште во Куманово дејствува на таа цел.

Лаура Стојанова М-Нет