Тони Тоневски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, влегува во трката за градоначалник на Општина Пробиштип

Тони Тоневски е официјалниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за трката за градоначалник на Општина Пробиштип. Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет, изјави дека Тоневски е докажан кадар, со углед во општината и активна партиска ангажираност.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека кандидатите, меѓу кои и Тоневски, ќе работат на терен во директна комуникација со граѓаните, за да состават изборни програми според реалните потреби. На располагање ќе им биде и партиски тим за проекти од капитално значење.

Тони Тоневски влегува во трката за Пробиштип со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и најави за проекти од капитално значење. Од него ќе се очекува не само да ги убеди граѓаните со програма, туку и со визија за иднината на општината. Изборната битка допрва почнува, а довербата – ќе ја даде народот.

Иван Митев, М-Нет