Тиквеш загуби од Алкалоид, Охрид пренесува два бода

фото: РК Алкалоид

Тиквеш за малку не направи изненадување против вицешампионот Алкалоид во мечот кој беше важен за домашниот тим во борбата за второто место во групата А од ракометната Суперлига.

Екипата од Автокоманда предводена од Кирил Лазаров со 23:25 го доби дуелот во Кавадарци со што Тиквеш регуларниот дел од првенството го заврши на третото место.

Кај Тиквеш најдобар беше Ани Обинна кој постигна 12 гола, а пак Алкалоид најдобар беше Иван Џонов со пет гола и Никола Маркоски со четири гола.

Алкалоид како единствен тим кој забележа 14 победи од исто толку натпревари во плеј-офот ќе пренесе три бодови, Охрид како второпласиран ќе пренесе два бода, а пак Тиквеш ќе пренесе само бод. Струга која заврши на 4. место во плеј-офот нема да пренесе бодови.

Во групата Б екипата на Вардар ќе пренесе максимални 3 бодови, шампионот Еурофарм Пелистер ќе пренесе два бода, Бутел еден бод, а пак Пролет во плеј-офот ќе тргне без бодови.

Што се однесува до плеј-аутот во групата А екипата на Еурофарм Пелистер 2 ќе пренесе три бода, Аеродром два бода, Куманово еден бод, а пак Скопје ќе тргне без бодови.

Во групата Б екипата на Голден Арт ќе пренесе три бода, Прилеп два бода, Милти Есенс еден бод, а пак Вардар Неготино не пренесува бодови во плеј-аутот односно борбата за опстанок.

АВТОР: Александар Ванев