
Прволигашот Тиквеш и второлигашите Башкими и Вардар Неготино ги добија казните од страна на ФФМ, со тоа што трите екипи се санкционирани со забрана за играње на домашен терен од два натпевари.
Тиквеш веќе еден меч одигра надвор од Кавадарци односно во Кичево против Силекс, а мечот со Шкендија од 10. коло ќе мора да го одигра на друг терен, со што ќе се врати фудбалот во Кавадарци.
Башкими мечот од Купот со Воска Спорт го одигра во Гостивар, а утре ќе игра одново во Гостивар против Победа, а потоа Башкими се враќа на својот терен.
Вардар Неготино мечот со Башкими го одигра во Струмица, а сега ќе треба и мечот со Победа од 8. коло да го одигра на друг терен, по што Вардар ќе се врати на Градскиот стадион во Неготино познат како „Цвај арена“.
Александар Ванев, М-Нет