Тешко повредено лице во тепачка на улица во Штип

На 12.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Д.Ч.(37) од Штип бидејќи околу 19.45 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип  при физичка пресметка му нанел тешки телесни повреди на И.Ж.(41) од Штип. По комплетирање на случајот против Д.Ч. ќе биде поднесена соодветна пријава.