
Над три милиони повеќе од дозволеното потрошил директорот на ЈП Плачковица од Карбинци, потенцираат денеска преку писмено соопштение од ОО на СДСМ Карбинци. Од таму велат дека директорот направил загуба во тековната година од над 50 илјади евра, според податоците од завршната сметка, па бараат разрешување на директорот.
„Во моментот сметката на комуналното претпријатие е блокирана, директорот за своето работење во период од 16 месеци нема ниту еден квартален извештај поднесен до советот на Општина Карбинци, вработените веќе трети месец работат без плата и платени придонеси, обврските према добавувачите тешко се плаќаат.
За разрешување и надминување на оваа состојба предлагаме: Разрешување на директорот и поставување на нов директор согласно законот за Јавни Претпријатија, Свикување на седница на советот на општина Карбинци на која треба да се најдат следните точки на дневен ред: Разрешување на членовите на управниот и надзорниот одбор во комуналното претпријатие и назначување на нови членови согласни законот за Јавни Претпријатија,
Да се понуди програма за санација и покривање на загубата во ЈП,,Плачковица,, -Карбинци.“ – пишуваат од СДСМ.
Доколку ова не се случи во најбрз рок, одговорноста за понатамошното работење во комуналното претпријатие ќе биде кај градоначалникот на Општина Карбинци, потенцираат од СДСМ. На ова градоначалникот Паунов во телефонски разговор вели дека повтроно станува збор за лаги и манипулации изнесени од страна на СДСМ.
„ЈП Плачковица кога дојдовме како ново раководоство затекнавме долг од 350 илјади евра, кои беа не помирени долгови. Зголемување имаме само кон потрошената струја, се зголеми цената на струјата, и покачувањето на платите кон вработените“ – вели Паунов.
Недомаќинско работење е одлика на СДСМ, сумираше Паунов.
Лаура Стојанова М-Нет