
Тетратки по цена најмалку од 30 денари, молив 15, гума за бришење 10 денари. Ако за почеток на учебната година во просек се стават најмалку 10 тетратки, 3 моливи и две гуми за бришење во старт се трошат 380 денари. Дополнително на ова потребно е боици, блок за цртање, ранец и уште многу останати материјали. Учениците се подготвуваат за почетокот на новата учебна година, родителите едвај собираат финансикси средства за да може да купат се што е неопходно. Избор на училишен материјал има доволно велат од книжарниците во Штип, додавајќи дека според нив, цените се прфатливи за џебот на родителите. Најзаинтересирани сега пред 1 септември се првооделенците, но се подоготвуваат и останатите ученици.
„Сега пред почетокот најзаинтересирани се првоодделенците, тие најмногу се радуваат на учебната година, купуваат ранци претежно, ги чекаат списоците од училиштата за потребниот материјал. Останатите знаат што им треба и си бираат прибори, тетратки, темперни бои, блокови. Цените се прифатливи, тетратките почнуваат од 30 денари, моливите од 15 денари, гуми од 10 денари.“ – вели Јованова.
За родителите, бабите и дедовците, почетокот на учебната година е голем трошок за нивниот џеб. Скапо е велат анкетираните граѓани во Штип, да подготвиш еден ученик за во училиште. Освен ранче, прибор, тетратки, треба и облека, а со денешните примања многу тешко да се обезбеди се. Затоа бабите и дедовците мора да помагаат на родителите, за нивнито внуче да има се што е неопходно за да тргне на училиште.
Неколку години наназад како тренд се воведе и подготувањето торта за првачињата, како и купувањето подароци. Ова преставува дополнителен удар врз џебот на родителите.
Лаура Стојанова, М-Нет