Тепачка поради имотно-правни односи во с. Црник

На 19.06.2021 во СВР Штип е пријавено дека околу 07.00 часот во с.Црник бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(63) и У.Д.(64), од една страна и Н.Д.(58) и М.Д.(31), сите од с.Црник. На пресметката, во која биле употребени тврди предмети, претходела вербална расправија поради имотно-правни односи. Се работи на расчистување на случајот.