Телекабел донираше еден милион денари на сметката на Солидарниот фонд при Црвен крст на Македонија

Телекабел донираше еден милион денари на сметката на Солидарниот фонд при Црвен крст на Македонија. Како што напиша Роберт Димитров Роби на својот фејсбук профил, парите не се замена за ништо, ама се потреба која може да се искористи.

„Не поднослива е болката и тагата за загубата која се случи во Кочани. Изгубивме пријатели, колеги, изгубивме животи што требаше да бидат силата на нашиот регион и држава. Немаме начин да ја намалеме болката и немаме збор за утеха на семејствата.

Телекабел денес донираше 1,000,000 денари на сметката на Солидарниот Фонд при Црвениот Крст на Македонија.

Да се обединиме и да помогнеме кој со што и како може.

Парите не се замена за ништо, но се потреба која во овој момент ќе се искористи за помош на семејствата.

На болните поскоро опоравување.

Сочуство за семејствата и за целиот македонски народ за оваа невидена загуба.

Бог да ги прости загинатите.“ – пишува Димитров на својот фејсбук профил.