Текстилец овој викенд е слободен – ќе играат кадетите, триумф за ракометарите на Овче Поле, Младост како фаворит против Преспа Вардар!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет | АРХИВА

Синоќа беше отворено 17. коло на Првата ракометна лига со натпреварот во Свети Николе, каде екипата на Овче Поле со 34:29 беа сигурни во победата над струмички Астарион.

Во рамки на оваа коло екипата на штипски Текстилец ќе биде слободна.

Во групата А екипата на Мулти Есенс ќе се соочи со Кичево, а пак лидерот Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Аеродром како апсолутен фаворит. Во групата А слободни ќе бидат екипите на Металург РА и Јехона.

Во рамки на групата Б екипата на Драчево на домашен терен ќе се соочи со Скопје, каде бодовите ќе бидат императив и за двете страни, откако и двете екипи обезбедија место во плеј-офот.

Партизан на домашен терен во Гевгелија ќе го пречека фаворитот Вардар Неготино, кој веќе и се засилува за предизвиците во плеј-офот, а пак Македонија ЃП како голем фаворит ќе игра против Шампион.

Во Богданци соочување на Младост како апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Преспа Вардар од Ресен.

Штипјани овој викенд ќе може во салата „Тошо Арсов“ во Штип да го проследат натрпеварот од 13. коло на кадетската лига, каде ракометарите на Текстилец ќе играат против Вардар Неготино, а овој меч е закажан за во недела од 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет