Татјана создава икони со природни бои, денеска можеа да се купат пред црквата Св. Никола во Штип

На денешниот голем празник, пред црквата Св. Никола во Штип, со шеренилото и својата автентичност се издвојуваше тезгата на Татјана Џонова, жена чии раце не само што цртаат, туку создаваат молитва преточена во боја. Нејзините икони не се обични слики, туку живи приказни родени од природни бои. Таа вели од цвеќе, билки и земја се труди да ја сочува традицијата и да наслика икони. Скоро секој од минувачите застануваше и ги разгледуваше делата на Џонова, кои таа ги продава по пристапна цена, бидејќи како што вели таа сака да биде со народот.

„Почнав со овој модел. Како една кратка историја, што мајками, дедми, прадедоми се ширеле во малешевскиот дел, село Панчереево и село Истевник, значи по потекло од татко ми. Природни бои од времето бабите правеле да речеме, јајца со бојата на цвеклото, со бојата на ружата, и сега од овде ми дојде една идеа дека може, дека природата помага за храна, може да помага и во уметноста. Е тоа го пробав, го почнав тоа од 1993 година, многу работи ми одеа и тешко, нема кој да ти покаже, самоук си, ама стекнуваме навика и ми е многу добро. Зависи од температурата на која се изработуваат овие работи и зависи од материјалот. Ние месеци мора да гледаме, затоа што мораме да пратеме боја од пролет, од есен боја, боја на пример од борче кога цуте. За две минути не може да се каже, само може да се помине да се виде, дојде, да се прате некоја работа. Солидна цена затоа што сакам да будам со народот, 150 денари, солидна цена. Порано ми требаа многу, а сега веќе и навикнав и знаеш како ти е четкичката и работата, тоа е тоа, не ми треба многу време, времето ми е само припремање на бои, кои ги лоцирам во мали тубички за да бидат на одредена температура и кога ми требаат си ги вадам.“- Татјана Џонова

Децидна беше Џонова дека не може да се објасни се во само две минути, сепак ова е подолг процес. Таа нагласи дека со текот на времето се развива и рутина па и самиот процес оди побрзо.

Како што таа вели, со четкичка и посветена работа ги минува своите денови, а минувачите, гледајќи ги нејзините дела, остануваат без зборови.

Дајана Сандева, М-Нет