
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.Л.(45) од делчевско село поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 07.11.2026 во семејниот дом во селото, пријавениот го навредувал своето 13 годишно дете, а на 08.11.2026 се обидел да го нападне со стаклен предмет, по што настaнала пресметка помеѓу нив.