Таиб Сабри од плачковичкото село Јунузлија е овчар кој што добро заработува од тоа

Залудно работи, залудно не седи е поговорката на Таиб Сабри од плачковичкото село Јунузлија, кој сиве овие години е овчар во село Радање. И во време кога сите бараат дополнителна работа и можност за поголема заработувачка, тој речиси приватно со пасењето овци заработува сосема доволно. Со почнување во седум часот наутро, па се до приквечер, тој е заедно со стадото на отворено и кога е топло и кога е студено, но мора од нешто да се заработува, вели Сабри.

Планините и пасиштата од една страна знаат да бидат добри за менталното здравје, но од друга страна и опасност кога станува збор за дивите животни кои од глад знаат да се спуштат и на пониските места.

Секако и оваа работа бара многу внимание, бидејќи 450 грла не се лесно пасат на отворено, а Сабри вели дека овцата знае да биде паметна повеќе од човек.

Овчарството е едно од најстарите занимања во светот, постои во сите делови  и е важен дел од сточарството . Поради сеприсутноста на занимањето, многу вероисповеди и култури имаат симболични или метафорични упатувања за занимањето овчар. На пример, Исус се нарекувал себеси „Добриот Овчар“, и старогрчките митологии ги истакнувале овчарите како Ендимон и Дафнис. Оваа симболика и овчарите како ликови се во средината на овчарската книжевност и уметност

Лаура Стојанва, М-Нет