
Со својата брза интервенција, судијата Дарко Радески му го спасил животот на фудбалер на Речица, откако во 51. минута од мечот фудбалерот на домашниот тим при избивањето на топката со глава падна незгодно на тревникот, а судијата Радески веднаш ја препозна ситуацијата како опасна, го прекина мечот и трчаше да му помогне на младиот фудбалер кој беше на тревникот, ставајќи го на страна, и потоа му го извадил голтнатиот јазик од грлото за што судијата Радески ни го потврди оваа и даде кратка изјава за М Нет телевизија.
„Фала му на Господ што навремено забележав дека играчот изгуби свест и што бев во негова близина“, рече кратко Радески.
Овој немил настан се случи на мечот од третото коло на Трета лига – Запад меѓу Речица и Доброште кој заврши со триуmф од минимални 0:1 за гостинскиот тим, а тоа што е најважно е дека фудбалерот на Речица е во добра здравствена состојба и се е во ред со него.
Александар Ванев, М-Нет