Струга Трим Љум со минималец против Охрид, Радески со деби гол за лидерот во ПМФЛ

Есенскиот првак Стуга Трим Љум со тримф ги започна зимските подготовки, откако со минимални 1:2 славеше над второлигашот Охрид на гостински терен.

Домашниот тим прв стигна до водство, но Фатјон Јусуфи израмни на 1:1 на полувреме. Во вториот дел големото засилување за стружани, Марјан Радески, постигна деби гол и обезбеди триумф од 1:2.

Тренерот Срѓан Захариевски им даде шанса на сите фудбалери со кои располага, а веќе утре Струга Трим Љум патува за Турција, каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките. На турско тло Струга Трим Љум ќе одигра четири контролки, а „генералката“ е закажана против второлигашот Воска Спорт.