
Попладнаво се одиграа натпреварите од редовното 9 коло на ПМФЛ во кое штипските сини извојуваа нови три бода. Рано, уште во почетокот на средбата во 5 м. Марјан Алтипармаковски просто ја закова топката во мрежата на голманот на Струга ТЛ Давор Талевски за водство на Брегалница од 1:0. Се водеше маневарска борба во која Брегалница беше подобар противник во првото а гостите во второто полувреме. Брегалница имаше две сто настотни шанси кога Мартин Стојанов во 18 м. и Стефан Коцев во 55 м. го промашија празниот гол на Талевски. Од друга страна Давид Денковски со двојна одбрана во финишот ја спаси Брегалница а Кочовски во 94 м ја погоди стативата која беше сојузник на голманот Денковски и на Брегалница. Судиите ретко се коментират но овојпат имаше неколку забелешки како и бурни реакции од играчите и навивачите на Брегалница за некои сомнителни одлуки на Игор Стојчевски од Скопје кој придонесе да се внесе нервоза кај играчите и на едниот и на другиот клуб покажувајќи дури 9 жолти картони, 5 за Брегалница и 4 за Струга ТЛ. Еве ги комплетните резултати од ова 9 коло:
- Брегалница – Струга ТЛ 1:0
- Македонија ЃП – Ренова 1:1
- Пелистер – Тиквеш 0:0
- Скопје – А. Пандев 0:0
- Шкендија – Борец 3:0
- Шкупи – Работнички ќе играат утре, недела
Табела
- Ренова 18
- Шкупи 17 (-1)
- А. Пандев 15
- Работнички 15 (-1)
- Шкендија 14
- Струга ТЛ 13
- Брегалница 13
- Македонија 10
- Скопје 9
- Борец 7
- Тиквеш 6
- Пелистер 4
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk