
Стрелецот на вториот погодок, штипјанецот Бојан Миовски за медиумите изјави дека целта на оваа репрезентација уште од почетокот е првото место во групата. Според него почнале лошо во Лигата на нации, но еве вечерва се освоени трите бода. Инаку, Македонија со головите на Енис Барди од слободен удар и прекрасниот гол на Бојан Миовски славеше против Ерменија на Националната арена “Тодор Проески”. Македонија имаше играч помалку во текот на целото второ полувреме, откако Зајков беше исклучен пред крајот на првиот дел.