Стојчевски ќе им суди на Шкупи и Вардар, Трпчевски на Башкими и Струга

ФОТО: ФК Башкими

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 4. коло во Првата лига, а кое коло се отвара денес со натпреварот меѓу Шкупи и Вардар, но наместо на стадионот во Чаир натпреварот ќе се игра во Струмица.

Главен судија ќе биде Игор Стојчевски, а негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски, а четврт судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев. Во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ и Фуркан Идризи.

Утре, сабота, Арсими на домашен терен ќе игра против Силекс и ќе бара прва победа како прволигаш. За правдата ќе биде задолжен Фатмир Бафто, со неговите помошници Давор Цветаноски и Имран Абази, а четврт судија ќе биде Александар Грујоски.

Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков.

Башкими на домашен терен ќе игра против Струга Трим Лум, а главен арбитар ќе биде Стојанче Трпчевски. Ќе му помагаат Даниел Василевски и Мартин Дејаноски. Четврт судија ќе биде Ндерим Тефику.

ВАР судија ќе биде Благојче Ралевски, а пак АВАР судија ќе биде Владимир Митревски.

Главен судија на мечот во Кавадарци каде ќе играат Тиквеш и Брера ќе биде Пларент Салихи, а ќе му помагаат Елена Соклевска Илиевски и Филип Ицковски, а четврт судија ќе биде Александар Урошевиќ.

Овој меч се игра во недела, а во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Дарко Видиниќ.

В недела, исто така на стадионот во Ѓорче ќе се соочат Македонија ЃП и Пелистер, а Јован Качески ќе биде главен судија. Негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Климент Ристоски, а пак Бењамин Ќерими ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Мартин Петковски.

Мечот меѓу Работнички и Шкендија ќе се игра во друг термин, со што тогаш би се комплетирало колото.

Александар Ванев, М-Нет