
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 10. коло во Втората лига. Мечевите се играат утре со почеток од 13:30 часот, освен дербито во Штип кое се игра од 17 часот.
Брегалница на Градскиот стадион во Штип ќе се соочи со Детонит Плачковица, а Игор Стојчевски ќе биде главен судија на овој натпревар. Негови помошници ќе бидат Дејан Димитријевиќ и Филип Николов, а пак Марјан Дејаноски ќе биде четврт судија.
Тетекс на домашен терен ќе игра со Осогово, а главен судија на овој меч ќе биде Дејан Младеновски, Сашко Ристов ќе им суди на Победа и Шкендија Арачиново во Прилеп.
Кожуф на домашен терен ќе се соочи со Беласица, а правда на овој меч ќе дели Бардхиљ Ибраими, додека пак Борче Павловиќ ќе дели правдата на мечот меѓу Вардар Неготино и Слога Виница.
Никола Петковски ќе дели правда на натпреварот меѓу Новаци и Големо Коњари, Боби Величков ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Каменица Саса и Скопје, а пак Владимир Ѓорѓиевски го доби натпреварот меѓу Преспа и Охрид.
Александар Ванев, М-Нет