
Со делење на промотивен материјат на штанд поставен во пазарот во Делчево, но и средба со граѓаните кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Николче Стојменовски ја продолжува изборната кампања. Со ова ВМРО ДПМНЕ даваат можност на граѓаните да си ги кажат своите проблеми и потреби.
„Денеска во Делчево е пазарен ден, имаме поставено штанд каде ги даваме промотивните материјали и ја презентираме програмата на мене како кандидат за градоначалник. Потоа следува средба со граѓани на самиот градски пазар, ги слушаме нивните проблеми и нормално нудиме решенија кои веќе се нотирани во нашата програма.“ – истакна Николче Стојменовски.
По средбите со граѓаните во Делчево на кои присуствуваше и Миле Лефоков, тој истакна дека се забележува дека и овие граѓани се подготвени за промени.
„Одличен прием овде во Делчево, навистина по реакциите на граѓаните сето она што го гледмае покажува дека и Делчево е подготвено за промени за големи победи, дека од 17 октомври овде во Делчево ќе започнеме да ја создаваме новата иднина, затоа што Делчево и сите граѓани навистина заслужуваат еден подобар живот и држава ослободена од криминал и корупција.“ – додаде Миле Лефков
На граѓаните на 17 октомври и се потребни промени и кадар каков што е кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ во Делчево, истакна Лефков.
Лаура Стојанова М-Нет