Стојаноски: Економските „експерти“ од талогот на СДС шират хистерија, официјалните податоци ги демантираа

Додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има една од најниските стапки на инфлација. Еве како се движеше инфлацијата од март до јули годинава. Во март, инфлацијата изнесуваше 4,9%, а цените на мало 3,4%. Во април, инфлацијата се искачи на 5,7%, со цени на мало од 5%. Во мај, инфлацијата беше 4,8%, а цените на мало 5,6%. Во јуни, инфлацијата падна на 3,4%, со цени на мало од 3,6%. А во јули пак, инфлацијата изнесуваше 2,3%, а цените на мало 1,8%. Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4 процентни поени односно скоро 60% пониска во однос на априлското ниво“, рече тој.

Особено охрабрувачки, додаде Стојаноски, е трендот кај храната и безалкохолните пијалаци, каде цените во јули се намалија за 1,1% во однос на јуни, а стапката падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули пад од 3,8 процентни поени за само два месеца. Единствениот посериозен месечен притисок, рече Стојаноски, доаѓа од транспортот, со раст од 4,4%, но тоа не го менува општиот тренд на смирување.

„Само за споредба, просечната инфлација во периодот март-јули 2022 година, кога економијата ја водеа токму нивните т.н. „експерти“, изнесуваше 12,34%. Во истиот период годинава, 4,22%. Кај цените на мало, разликата е слична: 12,1% тогаш, наспроти 3,88% сега. Тоа е сооднос од речиси 3:1 во корист на денешниот период, иако двата периоди не се споредуваат затоа што станува, во овој момент, збор за историски најголемата криза што ја има доживеано човештвото“, рече тој.

Вели дека СДС сакал народот да поверува дека пониска инфлација значи замрзната економија, но бројките го покажуваат спротивно и извозот во првите пет месеци од 2026 година е зголемен за околу 8% на годишно ниво.

„Индустриското производство во јуни бележи раст од 6,5%, а преработувачката индустрија дури 7,9% раст. БДП во првото тримесечје порасна за 3,1% на годишно ниво. Бројот на вработени е повисок отколку минатата година, а невработеноста падна од 11,7% на 11,3%. Даночните и вкупните буџетски приходи бележат раст“, рече Стојаноски.

Текстот Стојаноски: Економските „експерти“ од талогот на СДС шират хистерија, официјалните податоци ги демантираа е превземен од МАКФАКС.