
Стојан Илиев е првото летно засилување на ОК Штип УГД. Илиев има 26 години, игра на позиција примач и е висок 190 сантиметри. Тој е македонски репрезентативец, а во својата клупска кариера има богато портфолио. Роден е во Струмица, и освен во ОК Струмица, има настапувано и во: ОК Вардар, ОК Осијек (Хрватска), Каламата 1980 (Грција), Залау (Романија), Хапоел Кфар Саба (Израел), Еносис Анагениси (Кипар) и ОК Марсонија (Хрватска), од каде што доаѓа во нашиот табор. Тој со успех настапи на последниот репрезентативен собир, каде одбојкарската репрезентација на Македонија играше во Европската златна лига и избори учество во истата и за догодина.
Стојан Илиев е одлично и звучно одбојкарско име, кое одлично ќе се вклопи во конституирањето на новиот ростер на клубот за претстојната сезона, во која ОК Штип УГД ќе го има европското деби, односно ќе настапат во ЦЕВ Челинџ купот.