
Сточарите од Кочани, кочанско, но и пошироко од регионт револтирани заради непродажбата на нивните сточни производи. Денеска на пазарот во Општина Чешиново – Облешево, продавачи имаше од Кочани, Пробиштип дури и од Куманово, но не и купувачи. Продажбата сведена на минимално ниво, цената ниска, сточарите незадовлни.
Увозот на замрзнато месо од страна на државата дополнителен револт за луѓето кои се занимаваат со сточарство. Цените на месните производи во најава за поскапување, а домашните производи стојат по пазарите не продадени. Од „Гласен текстилец“ Штип, бараат политичка волја бидејќи најмалку што ни е потребно сега е покачување на цените на производите, и отпуштање на работници од разни индустрии
Ситуацијата алрамантна, сточарите спас гледаат во протести и штрајкови за да си ги добијат залужените права, да дојде до откуп на нивните производи за да може и тие да преживеат.
Лаура Стојанова М-Нет