Столе од Штип доби нов лаптоп, а летото ќе оди на летување во Охрид

Столе од Штип, момчето кое заради корона пандемијата не отиде на училисште во Скопје, и кое следеше онлајн настава преку мобилен телефон, денеска доби нов лаптоп благодарение на хуманите граѓаните кои сакаа и помогнаа. Столе настава следеше на телефон бидејќи на лаптоп наставата ја селедеше неговата сестра која одеше во четврто одделение.

„Син ми Стојан го доби тоа што најмногу го сакаше лаптоп и сега преку лаптоп тој успева да ја селеди наставата он лајн. Исто така добивме и други работи освен лаптопот и јас се надевам дека ќе му послужат на мојот син и дека добро ќе ги користи“ – кажа мајка му на Столе.

Од хуманите граѓани Столе и неговото семејство во јули ќе летуваат за Охрид. Мајка му на Столе вели тој поминувал, но никогаш не престојувал ниту пак бил на одмор во Охрид, што значи детето ќе има можност да доживее нови искуства.

„Една девојка реши да ни плати летување во Охрид, а тоа ќе се случи од 11 до 19 јуни. Столе нема летувано во Охрид само поминувано преку Охрид“ – дополни Славица.

Столе е дете со попреченост кое бара посебна грижа и внимание. Неговата мајка Славица заради здравствени причини сеуште нема постојана работа, а истата и е многу потребна.

Податоци за ова семејство бараат доста хумани граѓани кои сакаат да помогнат. Семесјтвото Аневи благодарноста не ја сокри од пред камерите, со надеж дека и госпоѓа Славица ќе добие постојано работно место и животот ќе им биде за нијанса подобар.

Лаура Стојанова М-Нет