Стипендии и награди ќе додели Штип на талентираните ученици, јавниот повик е распишан

Распишан јавен повик за учениците од основните и средни училишта на територија на Штип за доделување на награди и стипендии согласно постигнатите резултати во ученбата 2023/24 година. Наградувањето ќе се одвива согласно правилникот донесен од страна на советниците во Советот на Општина Штип, а учениците ќе може да аплицираат најдоцна до 14 ноември.

„Вредноста на повикот се 500 илјади денари, од нив 350 илјади денари се наменети за стипендии, а 150 илјади денари се наменети за еднократна парична награда. Учениците кои ќе учествуваат документите треба да ги поднесат до 14 ноември. Треба да имаат освоено награди на меѓународно и на државно ниво“ – вели Санева.

Стипендијата се доделува во времетраење од 12 месеци и за неа може да конкурираат ученици кои постигнале резултати на државно и меѓународно ниво за наставните предмети кои се изучуваат, додека за еднократна парична награда може да се пријават ученици кои постигнале успех во природно математички и технички науки.

„Стипендијата која ќе ја добијат ученците ќе изнесува 3000 денари, 2500 и 2000 денари месечно во траење од 12 месеци според ранг листата која ќе се добие. Првите три ученици добиваат 3000 денари, вторите три ученици 2500 денари и третие 2000 денари. Еднократната награда изнесува 30 илјади денари.“ – додава Санева.

Еден ученик може да конкурира и за стипендија и за еднократна парична награда.

Лаура Стојанова М-Нет