Старата гардероба повторно на мода, штипјани тешко заштедуваат за нова облека

Старата гардероба повторно е на мода, купувањето облека и обувки станува луксуз. Штипјани велат дека ниту оваа сезона нема да има големо подновување на гардеробата. Блузи, џемпери, тренерки и обувки купени пред неколку години повторно се вадат од плакарите и се носат додека можат.

Со денешните примања штипјани велат дека купувањето облека и обувки станува луксуз, бидејќи најголем дел од парите се трошат за храна, лекови и сметки. Штедат по неколку месеци за да може да се подноват со нешто најосновно.

Во согласност со ситуацијата, граѓаните допоилнително велат дека порано имало и повеќе квалитет, додека денеска за истит пари нема ниту квалитет ниту добар избор.

Иван Митев, М-Нет