
Револт и незадоволство кај возачи во Радовиш поради поскапување од над 1.800 денари на административните услуги во станица за технички преглед при регистрација на товарни возилата во споредба со минатата година. Револтирани, неколкумина испратија платени фактури до нашата редакција, на кои јасно се гледа, дека во 2025 година за регистрација платиле 6.357 денари, а оваа година 8.181 денар, што значи дека административните услуги на станицата за технички преглед поскапела за 1.824 денари. Велат дека поскапувањето е направено кај административните услуги, поради што годинава плаќаат значително повеќе за регистрација. Од М-Нет телевизија побараа да се конткатираат надлежните институции, дали техничките прегледи можат самостојно да ги зголемуваат цените и дали надлежните ќе извршат контроли. Во врска со случајот, нашата редакција ги испрати прашањата до Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека висината на трошоците за технички преглед е регулирана со Правилник објавен во Службен весник.
,, Висината на трошоците во постапката за проверка на техничката исправност на возилата по категории е регулирана во Правилник за висината на трошоците во постапка за проверка на техничката исправност на возилата („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.171/20, 41/23 и 72/26) .“, одговорија надлежните од МВР
Иван Митев, М-Нет