
Неполни пет месеци мостот во Долни Блаван е затворен за сообраќај, заради штетите кои ги направи река Брегалница. Возачите не би требало да го користат овој мост за минување со возило, но тоа и не е проблем бидејќи мостот се користи. Дури и песокот кој претходно беше поставен за да ги спречува возачите да минуваат по мостот сега е речиси израмнет што значи за нив проблемот е уште помал. Останаа само сообраќајните знаци кои изгледа ретко кој ги почитува. Проект за одредување на штетите на мостот и средствата потребни за негова санација беше започнат пред повеќе од еден месец. Денеска градоначалникот на Општина Крабинци, Виктор Паунов истакна дека истиот е завршен, а пречките од институционален каракте се надминуваат,
„Санацијата на мостот во Долни Балван, проектот е веќе изработен, техничките проблеми кои ги имавме во изминатиов период се од институционален карактер кои ги отстранивме и се надевам дека во идно време еве сега конкретно во текот на неделата проектот ќе биде аплициран во една од програмите на Министерството за Локална самоуправа. Се надевам дека од нивна страна ќе одговорат позитивно за да можеме да дојдеме набрзо до реализација. Доколку не се случи тоа имаме и друга алтернатива. Мостот чинидесетина милиони денари“ – кажа Паунов.
Мостот во село Долни Балван попушти во декември минатата година заради обилните врнежи од дожд и зголемениот водостој на река Брегалница. Оттогаш истиот е затворен за сообраќај и се чека за одредување на штетите и одредување средства за негова санација.
Лаура Стојанова М-Нет