Средношколците од штипската Медицина дискриминирани – за нив нема стипендии од МОН

Над 150 ученици во прва година во средното медицинско училиште во Штип се дискриминирани согласно конкурсот за стипендирање. МОН ги укинува стипендиите за учениците во дуалните паралелки и тоа само за здравствените струки што се коси со Законот за образование и членовите во кои наведува дека образованието е исто за сите. Директорката на СОУ „Јане Сандаски“ Штип, Марија Николиќ, денеска на прес конференција побара повлекување на огласот за стипендирање со кои се иземени здравствените струки.

„Пред една недела излезе конкурсот за стипендирање на ученици од МОН и се доделуваат 1500 стипендии. За жал ние се најдовме затекнати од самиот конкурс кој вели дека се доделуваат 1500 стипендии за ученици запишани во дуални парарлелки освен учениците од здравствените струки од јавните средни училишта во државата. Како човек, родител, натавник и директор сметаме дека е направена дискриминација по однос на конкурсот“ – вели Николиќ.

Николиќ истакна дека по воведувањето на дуалното образование во учебната 2018-2019 година сите средни стручни училишта, меѓу кои и медицинските направија големи реформи, со воведување и на 40% повеќе пракса за учениците. Еден мал сегмент за мотивација на учениците беше и токму стипендирањето во дуалните паралелки. Од овде упатува низа прашања до министерот заобразование.

„Сите заедно сакаме да го повикаме министерот да ни одговори: Зошто учениците од здравствена струка се иземени по овој конкурс, која е мотивацијата на министерството и зошто при правење на конкурсот не бевме навремено известени“ – додава Николиќ.

Од МОН сметаат дека здравствените струки не спаѓаат во дефицитарни кадри, за што Николиќ посочува дека се повеќе Истокот се соочува со недостаток на кадар.

Лаура Стојанова М-Нет