Спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ во Штип со нови спортови и активности

Со започнувањето на учебната година започнуваат и активностите на Сојузот на училишен спорт на Штип, веќе во тек се општинските натпревари во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет во основните и средните училишта, во машка и женска конкуренција, вели претседателот на Сојузот на училишен спорт на општина Штип, Зоран Арсов, за М Нет телевизија.

Веќе трета година по ред Сојузот на училишен спорт заедно со општина Штип ја спроведува спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“, за оваа година се предвидени и новитети, открива Арсов за М Нет телевизија.

Минатата година учиниците од основните и средните училишта од општина Штип имаа многу активности и натпревари.

Со реновирањето на салата во основното училиште „Тошо Арсов“ се овозможува организирање на натпревари на далеку подобри услови.

Преку овие активности на Сојузот на училишен спорт на Штип учениците се насочуваат физичка активност која е многу важна за младите за нивниот правилен раст и развој, за здрав и правилен живот, а притоа и насока кон започнување на спортување на некој спорт.

Александар Ванев, М-Нет