Сообраќајна незгода кај Три Чешми

Вчера попладне, во 19.00 часот на регионалниот пат с.Кадрифаково-Штип во близина на населбата Три Чешми, Л.В.(47) управувајќи патничко моторно возило  волксваген „пасат“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.В.(42), додека сопатничката С.В.(22)  со телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.