
Сообраќајна незгода се случила синоќа во вечерните часови во Штип, откако дошло до судир меѓу две патнички возила управувани од штипјани. Од СВР Штип информираат дека На 19.02.2021 во 21,40 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Вељко Влаховиќ“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(22) од Штип, и патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки управувано од Р.З.(34) од Штип. Во незгодата двајцата возачи се здобиле со повреди и се пренесени во Клиничката болница Штип. Веднаш бил извршен увид на местото на несреќата од страна на увидна екипа од СВР Штип.
Лаура Стојанова М-Нет