
Секој производ различно се бара, ама дел од производителите на кочанскиот пазар се согласуваат дека производите ќе им останат. Дел од нив денешниот пазарен четврток го оценуваат како раздвижен, други со слаба побарувачка. Едни производи им се продаваат брзо, а други остануваат да стојат секоја недела. Главно, цените, велат, не се менуваат, за нивна егзистенција дури се и ниски.
Кочанчани се согласуваат дека работата на земјоделецот е тешка, а цените не сите ги коментираат како високи. Пазарниот ден го оценуваат како раздвижен, а во однос на она што се бара, велат дека секој различно си купува.
Широка палета на производи и пристојни цени, ваков беше заклучокот од претпоследниот пазарен четврток во Кочани од месец октомври. Продавачите и купувачите често се со спротиставени ставови за пазарните цени, но, главно, имаат разбирање едни за други.
Ребека Спасова М-Нет