
Кошаркарите на Соколи синоќа во спортската сала „Јордан Мијалков“ триумфираа над Ангели со резултатот од 80:71 во вториот меч од полуфиналената серија и со тоа сега се 1-1 или тоа би значело трет меч односно „мајсторка“.
Соколи одиграа одличен меч во многу поинакво светло во однос на првото соочување во Скопје, со што пред својата публика триумфираа и така стигнаа до „мајсторка“. Третиот меч ќе го реши патникот во големото финале, а кое финале ќе значи и директен влез во Првата кошаркарска лига за следната сезона.
Екипата на Маџари триумфираше и на вториот меч против вториот тим на МЗТ Скопје со 78:55 и со тоа Маџари испиша историја пласирајќи се во кошаркарската елита на Македонија.
Сега екипата на Маџари ќе го чека подобриот од мечот меѓу Ангели и Соколи со кој би играл во финалето за тоа кој да биде прв во Втората лига, а без разлика на исходот и двете екипи ќе патуваат во Првата лига.
Третиот меч меѓу Ангели и Соколи ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во Скопје, а предност за Ангели ќе биде тоа што ќе игра на домашен терен и пред својата публика во „мајсторката“.
Капитенот на Соколи, Никола Караколев постигна 25 поени, Костадинов имаше 19, а Митев реализираше 13 поени. За екипата на Ангели, Стојанов имаше ефект од 22 поени, Богатиновски постигна 13, а Атанасов имаше 12 поени.
Александар Ванев, М-Нет