
Кошаркарите на Соколи од Штип имаат во фантастична победничка форма по двете добиени дерби пресметки со Охрид и Мега Баскет, штипскиот тим е на делба на првото место со Бутел, Струмица и Борец Баскет со по 13 бодови.
Екипата на Соколи по двете добиени дерби пресметки ќе ја очекува нешто полесен меч со Воднос Санс, тим е кој е на седмото место со десет бодови. Натпреварот ќе се игра на гостински терен, а Соколи цели кон нов триумф со кој би продолжил да го трасира победничкиот пат кон Суперлигата.
Соколи е меѓу главните фаворити за првото место кое води кон ранг погоре, сите екипи се израмнети и секој може да победи секако во плеј-офот каде се разигрува за влез во Суперлигата.
Дека Соколи е меѓу главните фаворити потврдува фактот што на двете претходни дерби пресметки штипјани експресно ги решаваа натпреварите и бележеа убедливи победи. Со резултат од 55:75 Соколи го доби Охрид во гости во првото коло од плеј-офот, а во втората рунда славеше над Мега Баскет на домашен терен со висок 91:66.
Следниот противник на штипјани во плеј-офот нема позитивен резултат односно има два порази откако загуби од Борец Баскет на домашен терен со 87:104 и во гости од Струмица со 102:80.
Александар Ванев, М-Нет