
Последното коло од плеј-офот ќе ги реши сите дилеми каков ќе биде распоредот на екипите за доигрувањето.
Осмата рунда од топ 8 група го носи мечот меѓу Вардар и Соколи, каде гостинот од Штип е фаворит за нов триумф и се освен тоа ќе биде големо изненадување. Но, штипјани се внимателни, бидејќи Вардар беше тој кој на домашен терен го совлада Бутел, од тука и потребата да не се потценува противникот и максимално сконцентрирано да се бара триумф.
Струмица ќе има лесна задача во последната рунда како голем фаворит ќе гостува покрај Охридското Езеро каде ќе бара нов триумф против Охрид. Во слична ситуација е и тимот на Бутел кој ќе гостува кај Водно Санс во улога на голем фаворит.
Борец Баскет ќе треба да ја потврди фаворитската улога на гостински паркет против тимот на Мега Баскет.
Самата табела ја потврдува големата изедначеност и неизвеност кога е во прашање влезот во Супер лигата за следната сезона. Соколи и Струмица имаат по 23 бодови за делба на првото место, Бутел и Борец Баскет го делат третото место со по 22 бодови.
Вардар е петти и има 18 бодови, Мега Баскет е позиција подолу со 17 бодови, Охрид е седми со 16 бодови, а на дното е Водно Санс со 15 бодови.
Александар Ванев, М-Нет