
Советниците од претходниот совет во Општина Штип со обврска да ги вратат назад таблетите кои ги користеле во мандатот од 2017 до 2021 година. Деновиве на адреса на претходните советници им било испратено известување дека таблетите во функционалан состојба треба да се вратат во простотиите на Општина Штип. Секретарот на општината, Вишна Шорова – Ангелова вели дека ова следува бидејќи самите таблети биле дадени на реверс.
„Овие таблети чиишто број изнесува 23 колку што има советници во Советот на Општина Штип беа дадени на ревверс на советниците кои имаа маднат од 2017 до 2021 година и овие денови им испративме известување дека имаат обврска да ги вратат тие таблети во просториите на Општина Штип“ – кажа Шорова – Ангелова.
Додава дека доколку не се во функционална сосотојба, советниците од претходниот совет на општината ќе треба сами да ја надоместат штетата. Дали актуелните советници во советот ќе добијат таблети сѐ уште е неизвесно, бидејќи општината нема предвидено Буџет за таа намена.
„Уште кога е земен реверсот, тие се известени дека доколку не се функционални треба да ја надоместат штетата. Во моментот Општина Штип во рамки на Буџетот нема планирано средства, но се надевам во наредниот период ќе го сториме и тоа“ – додаде Шорова – Ангелова.
Советот на Општина Штип брои 23 советнци, а таблетите пред сѐ служат за работни активности, увид во матреијалите за седниците и слично.
Лаура Стојанова М-Нет