Со штедливи светилки О. Пробиштип ќе го решава проблемот со високите сметки за струја

Високите сметки за електирчна енергија не ја одминаа ниту Општина Пробиштип. Откако во месец ноември минатата година беше прекинат договорот со ЕВН, за декември сметката за струја е за четири ипол пати поголема. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов истакна дека се работи на прокет со кој ќе се постават штедливи светилки и на тој начин ќе се намали потрошувачката на електирчна енергија.

„Можам да кажам последниот месец од минатата година вклучувајќи го и првиот квартал имаме драстично зголемување на електирчната енергија, како јавното претпријатие така и Општина Пробиштип, односно четири ипол пати е поголема сметката. За сега е во ред состојбата на Буџетот во Општина Пробиштип, но со цел да го решиме овој проблем веќе влегуваме во еден капитален проект со кој ќе се направи промена на 1700 светилки“ – кажа Анастасов.

Сметката за електирчна енергија за месец декември 2020 година била 800 илјади денари во декември 2021 година била 3,7 милиони денари. Поставувањето на штедливите светилки е прокет кој се очекува да заврши до крајот на месец јуни, бидејќи било какви други рестрикции не би го дале посакуваниот резултат.

Сметаката за електрична енегрија за четири ипол пати е зголемена и јавното комунално претпријатие во Пробиштип, но како што истакна Анастасов засега нормално функционираат. Дополнително ќе се постават и фотоволтаици кои ќе ја намалат потрошувачката на струја.

Лаура Стојанова М-Нет