Со „Три бои на љубовта“ одбележани 35 години од творештвото на Трајче Кацаров

Промовирана стихозбирката „Три бои на љубовта“ во чест на 35 – годишното творештво на Трајче Кацаров. Штипскиот поет, раскажувач, есеист и драмски автор во своето најдобро светло, со синтеза од уметностите на кои посветил 35 години се наврати на досегашните активности и ја подаде штафетата на младите. Рубриката сеќавања беше преку новинарски разговор и со фрагмент од рецензија на Милена Ристова – Михајловска. Мотивирањето на младите, пак, беше реализирано преку читање лична поезија на Ване Дериволов и Верица Милорадова.

Кацаров е добитник на повеќе награди од областа на литературата, 8. Ноемвриско признание, како и признание деец на културата, а се пронаоѓа и во улога на новинар, пишувајќи колумни во неколку весници. Настанот започна со монолог,  фрагмент од претставата „Чекачот“ на Кацаров, а беше збогатен и со музички точки. Дел од програмата на Штипско културно лето 2021, односно беше завршен настан од истото.

Ребека Спасова МНет