
Со скара или на протест – како треба да се прослави 1 Мај – денот на трудот. Гласен текстилец Штип заедно со ССМ утре излегуваат на протест во Скопје, за зголемување на минималната плата. Според претседателката, Кристина Ампева, на ваков начин се борат за правата на работниците.
„Ако гледаме дел од синдикалните лидери, тие ќе бидат во еден луксузен хотел и ќе одржуваат конференција. Очигледно мислам дека 24 илјади денари плата е доволно за работниците. Ние како гласен синдикат ќе бидеме заедно со ССМ, се договараме околу превозот. Мислам дека во минатото работниците дале жртви за време на тие штрајкови за да денеска биде 1 мај празник.“ – вели Ампева.
Скара може да се прави секој ден, но ако се има пари. Затоа како што вели Ампева треба работниците да се борат за да добијат соодветна, повисока плата со која ќе можат да си обезбедат скара. Во спортивно ќе се изгуби и 1 мај како празник.
„Ние го изгубивме 2 мај и сега додека не го изгубиме и 1 мај нема да ни дојде памет. Сметам дека работниците треба утре да бидат тука, скара можат да прават секој ден“ – додава Ампева.
Утрешниот протест во Скопје за Денот на трудот е со основно барање за минимална плата од 500 евра и почитување на колективните договори.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет