
Со сечење на џиновската пастрмајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ денеска се отвори 18. издание на манифестацијата штипска Пастрмалијада. Со богата музичко – забавна програма наредните два дена Штип ќе биде центар на случувањата. Дополнително градот ќе има и финансиски прилив на средства кои ќе ја поддржат локалната економија.
Во подготовката на џиновската пастрмајлија учествуваа четири лица, а потребни bеa 17 кг зачинето месо и 25 кг тесто, истакнува пекарот Николче Малинов.
Посетителите ја дегустираа џиновската пастрмајлија и беа воодушевени од нејзиниот вкус, потенцирајќи дека од штипската, поубава пастрмајлија нема.
Манифестацијата штипска Патрмалијада продолжува и утре. По 19 часот, концертниот дел ќе се реализира на градскиот стадион во Штип, а ќе настапат Јован Јованов и Елвир Меќич и ѕвездата на вечерта Желко Јоксимович .
Eва Тушевска, М-Нет